Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Пеколни горештини во Германија: Температурите достигнаа рекордни 41,5 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library7eb6tjv5qen8eeDBwUQ
Photo by Viktor Talashuk on Unsplash

Германија денеска го изедначи историскиот температурен рекорд, откако во сојузната покраина Саксонија беа измерени дури 41,5 степени Целзиусови, соопшти Германската метеоролошка служба (DWD).

— реклама —

Истата температура била измерена и денот претходно во местото Мекерн-Древиц, со што официјално е потврден нов национален температурен рекорд.

Екстремниот топлотен бран предизвикува сериозни проблеми низ земјата. Во градот Кубшиц е регистрирана најтоплата ноќ во историјата на мерењата, бидејќи температурата не се спуштила под 29,4 степени.

— реклама —

Високите температури предизвикаа и низа шумски пожари. Најкритична е состојбата во шумската област Горишхајде, меѓу Саксонија и Бранденбург, каде што гори површина поголема од 16 хектари. Гаснењето е дополнително отежнато поради експлозии на стара муниција, бидејќи станува збор за поранешен воен полигон.

— реклама —

Слична ситуација е забележана и во покраината Рајнланд-Пфалц, каде што пожарникарите привремено ги прекинале активностите поради детонации на неексплодирани убојни средства, а дел од жителите биле евакуирани.

Жештините предизвикаа проблеми и во јавниот превоз. Во Лајпциг целосно е запрен трамвајскиот сообраќај, откако високите температури ги деформирале шините.

Германските метеоролози предупредуваат дека земјата и натаму останува под влијание на екстремен топлотен бран, а конечната потврда на сите температурни рекорди ќе биде објавена по деталната анализа на податоците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycso53fn6hcrs2YTI7Rc

Изгореа три градежни возила на градилиште на германскиот „Рајнметал“

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryg7c7dj2cncod7LxHS4q

Училишен автобус со 20 деца излетал од кружен тек и се забил во ѕид од куќа во Германија

Свет | пред 16 часа

media-librarys22ig1rlg6jm5d5DEww

Волк нападнал осумгодишно девојче во зоолошки парк во Германија, со хеликоптер било пренесено во болница

Свет | пред 1 ден

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Автомобил влетал во група луѓе во Германија, повредени најмалку четири лица

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања