Промени тема
Контакт

Пелетите во Македонија достигнаа 399 денари за вреќа, Црна Гора ги ограничува цените

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-librarys3d14k81t6k927ZbZAc
Photo by Fluke on Unsplash

Во Македонија вреќа пелети од 15 килограми достигнува 399 денари, додека Црна Гора воведе максимални малопродажни цени од околу 249 денари за вреќа пелети од класа А1 и 231 денар за класа А2. Разликата кај пелетите од А1 класа достигнува околу 150 денари за вреќа.

— реклама —

Ограничувањето во Црна Гора важи од 2 октомври 2026 година до 30 јуни 2027 година, а во цените е вклучен и ДДВ. Целта е да се заштитат потрошувачите од високите цени и да се обезбеди постабилно снабдување во текот на грејната сезона.

— реклама —

Во Македонија нема утврдена горна граница, а цените зависат од производителот, квалитетот и условите за испорака. Според објавените понуди, вреќа пелети чини од 339 до 399 денари. За споредба, во 2018 година цената изнесувала 179 денари, додека минатата година во претсезонските акции се продавале за 249 денари.

При цена од 399 денари за вреќа, еден тон пелети чини околу 26.600 денари. Според пресметките во објавата, за домаќинство што троши три тони во текот на зимата, разликата во однос на максималната цена за пелети од А1 класа во Црна Гора би изнесувала околу 30.000 денари.

— реклама —

Во меѓувреме, црногорските власти најавија инспекциски контроли по пријавите од граѓаните дека некои продавачи дополнително наплаќаат пакување и транспорт, со што конечната сметка ја надминува утврдената цена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања