Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Пендаровски: Благодарност до Србија, но тоа беше срам за нашата држава, мора да пружиме здравствена заштита тука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски по Денешната седница на Советот за безбедност истакна дека Државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука.

— реклама —

Пендаровски искажа благодарност до соседна Србија, затоа што таму се вакцинираа многу наши граѓани, но додаде дека ова не смее да се повтори.

— реклама —

„Сликите кои ги гледавме изминатиот викенд кога многу граѓани отидоа во соседна Србија да се вакцинираат едноставно не смеат да се повторат. Благодарност до Србија се разбира, но тоа беше срам за нашата држава. Едноставно, државата мора да најде начин своите граѓани да ги вакцинира и да им пружи здравствена заштита тука. Точно е дека се потпиравме на Ковакс, кој задоцни 2 месеци, точно е дека верувавме во Солидарниот фонд на ЕУ, точно е дека од 5 најбогати членки на ЕУ ниту една нема вакцинирано ниту 5% од населението, точно е дека според СЗО околу 80 проценти од вакцините се распоредени во 10 земји во светот. Но тоа нашите граѓаните не ги интересира“, истакна Пендаровски.

Тој апелираше до приватните болници да ги намалат цените за лекување на ковид-пациентите и им порача дека никој не треба да ги искористува личните трагедии за профит.

Претседателот рече и дека здравствените капацитети се искористени до максимум, но државата не смее да дозволи ниту еден наш граѓанин да не биде примен на болничко лекување. Од министерот Венко Филипче, пак, добил уверување дека такво нешто не се случило досега ниту ќе се случи во иднина.

Во однос на вакцинацијата на државниот врв и на другите функционери, шефот на државата рече дека на денешната седница се договориле, за да нема сомнеж дека некој ја злоупотребил позицијата, секој да се пријави за вакцина на интернет-страницата на Министерството за здравство, како и секој друг граѓанин на државата и да биде вакциниран тогаш кога ќе му дојде редот.

На денешната седница на Советот за безбадност  покрај редовните членови, присуствуваа и министерот за здравство Венко Филипче и директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски.

 

фото: Кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања