Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски: „Браќа Манаки“ потврдува дека јадро во кое се согледуваат сите битни струења на современите кинематограферски практики

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше и се обрати на 43. издание на интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателот Пендаровски.

Почитувани кинематографери, филмски работници, автори, уметници,

— реклама —

Почитувани гости на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“,

Нашиот уникатен фестивал, со својата овогодинешната тематска одредница, „Реалноста не е доволна!“, упатува на повеќе знаци кои стојат покрај животните патеки што ги врвиме, генерално, како луѓе низ историјата, но, особено ние, овде, во последниве транзициски децении.

— реклама —

Од една страна во јавноста се доминантно презентираните, таканаречени, општоприфатени вистини и факти, наречени - реалност, или она што животот ни го нуди како еднодимензионално секојдневие.

А, од друга страна е истата таа реалност, протолкувана низ сензибилитетот на уметноста и диоптријата на камерата, што додава нови перспективи во нашите животи, нашите мисли и чувства и во нашите меѓучовечки интеракции во заедницата. И двете читања на реалноста едно без друго не одат и нивното надополнување е можеби единствената шанса да го разбереме светот околу нас и да се разбереме себеси во тој свет.

Како што забележува Брехт: „Уметноста не е огледало во кое се огледува реалноста, туку длето со кое критички се обликува она што не е експлицитно видливо во реалноста и она што често општествените и политичките динамики сакаат да го затскријат.“ Филмот е глас на комплексните значења на реалноста бидејќи говори во името и на утопиите и на дистопиите. А, уметноста е чин на храброст затоа што нејзината цел не е да ја репродуцира реалноста, туку да нѐ соочи со неа.

— реклама —

Ако основната мисија на филмот е да биде во полемика со светот и неговите аномалии, тогаш фестивалските филмски манифестации треба да бидат јадрата на прогресивноста и во естетска и во поширока општествена смисла – а нашиот Фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, со својата богата играна и документарна програма и годинава потврдува дека е токму такво јадро во кое, во континуитет се согледуваат сите битни струења на современите кинематограферски практики.

Како што знаеме и од самите почетоци на филмската уметност, и од творештвото на браќата Манаки, филмските уметници имаат право и одговорност да стојат во одбрана на својата автономија, и да имаат слобода да проговорат за тоа каков свет сакаат.

— реклама —

Во овој контекст, верувам дека заслужуваат внимание зборовите на големиот австриски режисер Михаел Ханеке. Ќе ми дозволите да споделам со вас еден негов цитат. Ханеке вели: „Одбирам да создадам одредена недоверба кон она што ни се нуди како една и единствена реалност, наместо да инсистирам дека она што го прикажувам во своите филмови е репродукција на реалноста. Целта ми е луѓето да го преиспитуваат она што се наметнува како вистина и реалност... На тој начин му ја давам можноста на гледачот да учествува во создавањето на можните реалности наспрема таа една зададена реалност во таканаречениот стварен свет. Публиката секогаш е ко-автор на филмот, па со тоа и на реалноста. Сметам дека слоевите на реалноста толкувани и понудени низ филмот се порелевантни од она што ни е наметнато како вистина од општествените динамики.“

Почитувани,

Посакувам успешни фестивалски денови и убава, позитивна енергија оваа недела во Битола.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања