Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски денес ќе ја додели Наградата за младинско учество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto

Доделување на Наградата за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 12 август 2022 година, петок, ќе се обрати на свечената церемонија на доделување на Наградата за младинско учество, што по повод Меѓународниот ден на младите, ќе се одржи во Кабинетот на претседателот, со почеток во 19:00 часот.

— реклама —

Наградата за младинско учество ја доделува Агенцијата за млади и спорт во соработка со Националниот младински совет на Македонија, во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.

— реклама —

Годинешни носители на наградата се:

- актерката Изабела Јакимова, во индивидуална категорија,

— реклама —

- неформалната група на млади Младите на Една може (One Can Youth), во категоријата на неформални групи на млади, и

— реклама —

- здружението Гоу Грин (Go Green), во категоријата на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

Наградата во трите категории ќе ја врачат Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт и Марија Крстевска, претседателка на Национален младински совет на Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања