Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Пендаровски до лицата со попреченост: Ќе бидам вашиот глас таму каде што треба и секаде каде што можам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4-1

По повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски денеска го посети и се дружеше со ученици од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.

 Истакнувајќи дека попреченоста наместо основа за разлики треба да биде основа за сличност меѓу луѓето, претседателот Пендаровски рече дека денес треба да зборуваме за пречките коишто постојат во општеството, а не за пречките кај луѓето.

 „Ќе го споменам пристапот за инвалидски колички, патеките за лица со оштетен вид, литературата со брајово писмо, преводите за глувонеми. Точно е дека има напредок и точно е дека многу институции и организации ги отстрануваат овие препреки, но ни останува уште многу работа како држава“, потенцираше претседателот Пендаровски и додаде дека многу посериозен проблем, којшто сеуште постои, се старите предрасуди и стереотипи.

— реклама —

 „Секој обид за дискриминацијата на лицата со попреченост е нарушување на вроденото достоинство на човековата личност. Овој Меѓународен ден е потсетување за нашата човечка должност да се грижиме за вашите права и слободи и вашата слобода да носите одлуки за вашите животи“, подвлече претседателот Пендаровски.

 Во рамки на денешниот настан „Преку игра до пријателство“, а  по повод одбележувањето на 3-ти декември, Меѓународниот ден на лица со попреченост, Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ беше домаќин на шаховски натпревар. На него учествуваа 15 ученици со оштетен вид и учесници од училишта од општина Кисела Вода и приватното училиште НОВА. Дел од натпреварот во шах беше и претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

— реклама —

 „Не случајно, денешниот ден ќе го одбележиме со партија шах. Шахот знаете е многу повеќе од игра. Тоа е способност за носење вистински одлуки и повлекување вистински потези за решавање на сложени прашања. Нешто слично би требало да биде и политиката – носење мудри одлуки за решавање на проблемите на граѓаните. Пораката што денес сакаме да ја пратиме е дека сите вие треба да имате можност активно да се вклучите во носењето одлуки и креирањето политики, особено оние кои се однесуваат на вас. Само така ќе успееме доследно да ги постигнеме целите за одржлив развој 2030-та година“, заклучи претседателот Пендаровски.

Директорот на ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, Горанчо Јакимов на денешниот настан истакна дека училиштето е посветено да работи по мерка на учениците, да го унапреди воспитно – образовниот процес и да ги следи современите инклузивни општествени текови кои гарантираат еднакви можности за сите.

— реклама —

Во рамки на посетата на „Димитар Влахов“, претседателот Пендаровски го посети и новиот објект на средното училиште, а се запозна и со начинот на функционирање на целиот објект.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања