Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пендаровски ги потпиша законите за ратификација на спогодбите за отворање на два нови гранични премини со Република Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-1-1-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги потпиша указите за прогласување на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање нов граничен премин меѓу двете земји кој ќе ги поврзува Мајден во Република Северна Македонија и Промахoи во Република Грција, и на Законот за ратификација на Спогодбата меѓу Република Северна Македонија и Република Грција за отворање на еден граничен премин во Регионот на Преспанското Езеро.

— реклама —

— реклама —

 Претседателот Пендаровски смета дека отворањето на Граничниот премин Мајден – Промахои и Граничниот премин Маркова нога – Лемос меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, ќе придонесе за натамошен развој на севкупните билатерални односи меѓу двете држави, ќе придонесе за развој на прекуграничната соработка и ќе ја олесни комуникацијата на населението што живее во регионот на двата гранични премини.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски очекува од надлежните институции да дадат максимален придонес за реализација на предвидените активности и за што поскоро отворање на двата гранични премини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања