Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Грузија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Грузија за Република Северна Македонија, Отар Бердзенишвили.


— реклама —

Во обраќањето на свечената церемонија претседателот Пендаровски изрази очекување дека амбасадорот со својот професионален ангажман ќе придонесе за натамошно унапредување на севкупните односи меѓу двете земји и поинтензивна економска соработка за што постои солидна основа.

— реклама —


„Грузија е пријателска земја со која делиме слични приоритети и погледи, а Вашата приврзаност кон европските и евро-атлантските интеграции претставува дополнителен поттик за уште посодржајна соработка во периодот што претстои. Денес, кога во Европа повторно се соочуваме со трагичен воен конфликт, потребата од поголема меѓународна соработка и солидарност е актуелна можеби повеќе од кога било порано. Верувам дека без оглед на нашата големина како држави, Северна Македонија и Грузија ќе продолжат да го даваат својот придонес за обезбедувањето на мирот, демократијата, човековите права и економската благосостојба како универзални вредности кон кои и двете земји се приврзани“, истакна претседателот Пендаровски.

— реклама —

Амбасадорот Бердзенишвили на церемонијата на предавање на акредитивните писма изрази подготвеност да придонесе за унапредување и развој на пријателските односи меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања