Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на САД, Кејт Мери Брнс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-5-1

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.

„Дипломатските односи меѓу нашите две земји успешно се развиваат повеќе од две децении. Одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи следната година треба да даде дополнителен импулс за натамошно негување и зајакнување на стратегиското партнерство и политичкиот дијалог меѓу нашите пријателски земји, како и за продлабочување на соработката во сите останати области.

— реклама —

Нашите земји се поврзувани и со заедничките заложби и решителност за чување на мирот, зајакнување на демократијата и почитувањето на човековите права. Стоиме заедно со САД и во борбата против тероризмот. Одлучни сме да продолжиме да дејствуваме во насока на натамошно промовирање на универзалните вредности што ги споделуваме“, истакна во дел од својот говор претседателот Стево Пендаровски.

— реклама —

— реклама —

„Нашите две земји се посилни поради нашата соработка. Нашите војници служат рамо до рамо на бојното поле, исто како што нашите лидери работат заедно на унапредување на нашите цели за безбедна и просперитетна Северна Македонија и Европа. Нашите бизнис лидери работат заедно за да создадат работни места и да ги развијат нашите економии. Нашите професори и студенти соработуваат на иновативни истражувања, а нашите уметници разменуваат идеи и инспирација.

Се радувам што ќе работам со вас и со властите и граѓаните на Северна Македонија, развивајќи посилни односи како сојузници. Се обврзувам дека ќе промовирам стабилност преку силни институции и дека ќе ги поддржувам напорите на вашите власти во борбата против корупцијата и зајакнувањето на владеењето на правото, дека ќе го унапредувам просперитетот преку помошта и партнерството со приватниот сектор и дека ќе работам на зацврстување на безбедноста преку нашето партнерство во одбраната“, истакна во дел од своето обраќање новоименуваната амбасадорка на Соединетите Американски Држави во Република Северна Македонија, Кејт Мери Брнс.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања