Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска, Кимо Лахдевирта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-6

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Кимо Лахдевирта.

— реклама —

„Поддршката од Република Финска за интеграција на земјите од регионот на Југоисточна Европа во европските структури, а во тие рамки и на Република Северна Македонија, секогаш била од голема важност. Во тој контекст, изразувам надеж дека напредокот на мојата земја, кој е отсликан во Извештајот на Европската Комисија, ќе биде вреднуван  и зацврстен со позитивна одлука за време на финското претседавање со Советот на Европската Унија“, истакна меѓу другото во своето обраќајње претседателот Пендаровски.

— реклама —
— реклама —

„Финска е сега претседавач со Претседателството на Советот на Европската Унија и во таа насока Ве уверувам дека ќе бидеме искрени посредници и ќе направиме се што е во нашата моќ да постигнеме конкретни резултати за време на нашето претседателство.

— реклама —

Финска силно верува дека кредибилна политика на проширување е инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и просперитетот на Европа. Во согласност со препораките на Комисијата, Финска го поддржува отпочнувањето на преговорите за членство со Република Северна Македонија. Се надевам и верувам дека Советот на министри на ЕУ ќе донесе позитивна одлука за ова не подоцна од октомври, истакна меѓу другото во дел од своето обраќање Кимо Лахдевирта, новоименуван амбасадор на Република Финска во Република Северна Македонија, со седиште во Белград.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања