Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Пендаровски ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Р.Латвија, Луксембург и Р.Ирска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Luksemburg-1

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Латвија, на Големото Војводство Луксембург и на Република Ирска.

— реклама —

— реклама —

 На средбата со Гунта Пасторе, новоименуван амбасадор на Република Латвија во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски рече дека двете земји во континуитет градат пријателски и партнерски односи бележејќи позитивен тренд во развојот на соработката во повеќе сфери од општественото живеење.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски истакна дека високо ја цени конзистентната поддршка од пријателска Латвија за интеграција на земјите од регионот на Југоисточна Европа во европските структури, а во тие рамки и на Република Северна Македонија изразувајќи благодарност за брзата ратификација на пристапниот протокол за членство на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Латвискиот Парламент.

 Амбасадорот Пасторе оцени дека двете земји негуваат пријателски односи кои се карактеризираат со меѓусебна почит и разбирање нагласувајќи дека постои голем потенцијал за развој и зголемување на соработката во повеќе области од заеднички интерес за двете земји.

 Истакнувајќи дека дипломатските односи меѓу Големото Војводство Луксембург и Република Северна Македонија влегоа во третата деценија од нивното воспоставување, на средбата со  амбасадорот Филип Донкел, претседателот Пендаровски оцени дека во изминатиов период двете земји изградија пријателски и партнерски односи.

 Претседателот Пендаровски изрази уверување дека, во периодот што следи, ќе бидат отворени нови поглавја во односите на нашата земја со НАТО преку ефектуирање на нашето членство во Алијансата, како и преку започнување на преговорите за наше полноправно членство во Европската унија.

 Амбасадорот Донкел ја истакна целосната поддршка на Големото Војводство Луксембург за перспективата за европска интеграција за сите земји од Западен Балкан додавајќи дека негова заложба ќе биде и давањето придонес за зајакнување на одличните односи меѓу двете земји и нивно интензивирање во политичката, економската и културната сфера.

 На средбата со Пол Мекгери, новоименуван амбасадор на Република Ирска во Република Северна Македонија, беше оценето дека двете земји повеќе од две децении градат одлични пријателски и партнерски односи и дека постои можност за понатамошно продлабочување на соработката и меѓусебната комуникација.

 Претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната и недвосмислена поддршка која Република Ирска и ја дава на европската интеграција на нашата држава.

 Амбасадорот Мекгери истакна дека Република Ирска го дели верувањето дека перспективата за европска интеграција е моќен агент за унапредување на стабилноста во Република Северна Македонија и пошироко во регионот изразувајќи увереност дека неговата земја ќе продолжи и понатаму со силната поддршка за патот на нашата земја во евроатлантските структури.

 Претседателот Пендаровски на новоименуваните амбасадори им посака успех во извршувањето на одговорната дипломатска функција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања