Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пендаровски го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најдобрите дипломирани инженери

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-2-1

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во „Вила Водно“, го врачи признанието „Инженерски прстен“ на најуспешните дипломирани студенти од областа на инженерските дисциплини во Република Северна Македонија.

Инженерскиот прстен, чијашто цел е признание, но и афирмација на инженерските професии и поттик за формирање на квалитетен инженерски подмладок, го доделуваат Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на Претседателот на Република Северна Македонија. Годинава добитници на признанието се 8 дипломирани инженери од различни области.

— реклама —

Во своето обраќање, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на инженерството во креирањето на целокупната иднина на секое општество.

— реклама —

„Живееме во свет кој брзо се менува и кој е зависен од современите технологии кои отвораат нови перспективи, но, и свет кој е ранлив и кршлив што особено го покажува актуелната пандемија со Ковид-19. Како идни инженери, вие сте дел од нашиот човечки потенцијал врз кој мора да се темели иднината на нашата земја“, истакна претседателот Пендаровски.

— реклама —

Според Претседателот, без разлика дали станува збор за архитекти, машинци, информатичари, технолози, електротехничари, градежни, земјоделски или шумарски инженери,  нивниот професионален предизвик е остварување на личен развој, но и прогрес за пошироката заедница во која живеат.

„Се надевам дека најголем дел од вас ќе продолжат да се надградуваат, да напредуваат и професионално да се остваруваат во својата татковина. За тоа да се случи мора да бидат создадени сите предуслови од релевантните субјекти: државните институции, системот на образованието, бизнис-заедницата, за вашата иднина и професионалниот развој да бидат врзани со матичната земја“, нагласи претседателот Пендаровски, посакувајќи им на младите инженери натамошен успех и да бидат движечка сила која ќе овозможи напредок и општество на благосостојба.

Признанието „Инженерски прстен“ се доделува по 17-ти пат, а досега го добиле 178 дипломирани инженери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања