Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
kovacevski-pendarovski

Пендаровски и Ковачевски ги девалвираат институциите, првин кажаа дека странски агентури шират антимакедонска пропаганда, сега ги кријат, тие работат за агентурни мрежи, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Недозволиво е Пендаровски и Ковачевски да молчат, откако самиот Пендаровски по Советот за безбедност, дека странски агентури негативно влијаат на односите со Бугарија, ширејќи говор на омраза и негација за македонската нација, јазик и историја. Кои странски агентури работат на штета на Македонија и шират говор на омраза, Пендаровски да излезе и јасно да ги каже, спротивно ги девлавира институциите, и оддава впечаток дека зборува без аргументи или дека и самиот работи за странски агентури.

— реклама —

Пендаровски и Ковачевски не прават ништо за адекватно да реагираат на провокациите кон Македонија. Власта првин зборува едно, а потоа прави сосема друго, свесно наштетувајќи и на државата.

— реклама —

Власта крие и од каде се финансираат бугарските здруженија, кои креираат говор на омраза и ја негираат Македонија. Финансиските институции под владата требаше до сега да го истражат потеклото на парите, и да ги информираат граѓаните, но и да преземат адекватна реакција.

— реклама —

Власта не прави ништо за да ја гарантира стабилноста и угледот на државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања