„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Пендаровски: И по повеќе од 11 векови од нивното земско битисување делото на Кирил и Методиј е се уште живо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PRSM-Pendarovski

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, " target="_blank" rel="noopener" data-saferedirecturl="https://www.google.com/url?q=

&source=gmail&ust=1590397054378000&usg=AFQjCNFnGmf3n05aFFq1hzL58hDbuP1gyg">упати честитка по повод одбележувањето на 24 Мај, Денот на словенските просветители Св. Кирил и Методиј.

— реклама —

Почитувани сограѓани, 

Дозволете ми да ви го честитам 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј. Ден посветен на словенските апостоли, заштитниците на Европа, кои ни оставија азбука, книги, но и животопис исполнет со давање и трпение, со скромност, благородност и непресушна верба.

— реклама —

И по повеќе од 11 векови од нивното земско битисување делото на Кирил и Методиј е се уште живо. Во 21 век, мајчиниот јазик и неговата употреба е основно човеково право кое е универзално почитувано.

Од самиот почеток, како држава, се определивме да гледаме кон иднината, верувајќи во демократските вредности и работејќи за благосостојба на сите наши граѓани. И денес сме подготвени да подадеме рака и да го делиме местото под сонцето со сите и со секого, низ взаемно почитување, пријателство и градење заедничка иднина врз основа на демократските принципи зад кои безрезервно стоиме.

Почитувани,

Празниците во последниве месеци ги одбележуваме поразлично од изминатите години, соочени со предизвикот и опасноста од корона-вирусот. Да не дозволиме да не обземат стравот и малодушноста, да истраеме и опстоиме како одговорни и солидарни граѓани.

Празниците нека ни бидат инспириција и дополнителна мотивација за да останеме дисциплинирани, внимателни и сплотени за да ја победиме пандемијата.

Ви посакувам да го поминете празникот во мир, спокојство и радост.

Нека ни е честит 24 Мај, Денот на светите браќа Кирил и Методиј, истакна претседателот Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања