Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски и Жбогар едногласни: Република Северна Македонија е единствена функционална демократија во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
pendarovski-zbogar

Средба Пендаровски – Жбогар.  Евроамбасадорот Жбогар на претседателот Пендаровски му го честитал изборот и му посакал успешно вршење на одговорната функција. Воедно, му пренесол поздрави предавајќи му писмо со честитки од претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, и од претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

— реклама —

-На средбата беа разменети мислења за реализацијата на приоритетите и реформите на Република Северна Македонија во однос на европските интеграции“, соопштија од претседателскиот Кабинет.

— реклама —
— реклама —

Двајцата соговорници заклучиле дека Република Северна Македонија е единствена функционална демократија во регионот, со оглед на успешно организираните и спроведени претседателски избори, изборот на претседател, како и коректноста на опозицијата во контекст на изборниот процес и признавање на резултатите и волјата на граѓаните.

— реклама —

Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека соговорниците констатирале дека напредокот во евроинтеграциите е од клучно значење за подобрување на животниот стандард и одржување на еврооптимизмот на граѓаните во Република Северна Македонија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања