Промени тема
За нас
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Пендаровски ќе ги потпише петте закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pendarovski-1-1

Претседателот Стево Пендаровски на прес-конференција изјави декаќе ги потпише петте закони за изградбата на коридорите 8 и 10д

— реклама —

„Изминатиот петок на 26.05 ги примив петте закони за изменување и дополнување на постојните закони чија што содржина се однесува на изградбата на коридорите 8 и 10д во јавноста познати како закони за проектот наречен бехтел енка. Законите коишто беа усвоени со пропишано мнозинство во собранието чијшто укази за прогласување стигнаа до мене се следниве:

— реклама —

Првиот е закон за именување и дополнување на законот за работни односи

— реклама —

Вториот е закон за изменување и дополнување на законот за експропријација

Третиот е закон за изменување и дополнување на законот за градење

Четвртиот е закон за изменување и дополнување на законот за урбанистичко планирање

Петтиот е закон за изменување и дополнување на законот за утврдување на јавниот интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементирање на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д

Изминативе недели во јавноста знаете дека се разви дебата во однос на содржината на овие закони, а за еден од нив за неговата уставноста, имајќи ја во предвид одлуката на Уставниот суд минатата година. Сакам да укажам дека дебатата од мал број на субјекти беше употребена или злоупотребена за зголемување на и онака високата поларизација во нашето општество што го оттргна фокусот од вистинските прашања поврзани со овие закони односно наместо дискусијата да се насочи кон придобивките и можните ризици во однос на проектот, јавната дебата се претвори во расправа за нашите стратешки евроатлантски ориентации и аспирации.

Во однос на законот за именување и дополнување на законот за работни односи сакам да ја информирам јавноста дека текстот на усвоениот закон не ја содржи оспорената одредба од уставниот суд која предвидуваше дека работното време на секој работник може да биде во просек 60 часа недела во текот на годината. Изминативе месеци дадов изјави дека нема да потпишам указ за прогласување на закон кој содржи одредба која претходно е оспорена од уставен суд и во таа насока новиот закон не ја содржи формулацијата 60 часовна работна недела.

Изминативе денови направив низа консултации со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии од уставниот суд, и со советниците во мојот кабинет. Донесов одлука да го потпишам указот за донесување на овој закон и на останатите 4 закони.

Сепак имајќи ги во предвид приговорите на дел од синдикатите граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера и некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучувајќи го и овој“, изјави тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања