Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Пендаровски ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
PRSM-Pendarovski-DiePresse

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, од 14 до 16 февруари 2020 година, во Минхен, Сојузна Република Германија, ќе учествува на 56. Минхенска безбедносна конференција.

Претседателот Пендаровски во недела, 16 февруари, ќе се обрати на Минхенската безбедносна конференција, а претходно ќе говори и на тркалезната маса „Балкански дијалози“, на која е предвидено учество на Јосеп Борел Фонтелес, потпретседател на Европската комисија и Висок претставник за надворешни работи и безбедносна политика на ЕУ, Албин Курти, премиер на Република Косово, Еди Рама, премиер на Република Албанија, Александар Вучиќ, претседател на Република Србија и Екатерина Захариева, вицепремиер за правосудна реформа и министер за надворешни работи на Република Бугарија.

— реклама —

Предвидено е претседателот Пендаровски за време на учеството на Минхенската безбедносна конференција да оствари повеќе средби со дел од учесниците на собирот.

На 56. Минхенска безбедносна конференција е најавено учество на над 500 лидери во областа на политиката, бизнисот, академската сфера, граѓанското општество, здравствени организации, вклучувајќи над 35 шефови на држави и влади и над 100 министри за надворешни работи и за одбрана.

— реклама —

Во фокусот на 56. Минхенска безбедносна конференција се улогата на Западот во глобалниот свет, актуелните состојби во Европа, Кина, Русија и САД, случувањата на Медитеранот, Блискиот Исток и Јужна Азија, како и прашања поврзани со корона вирусот и со климатските промени.

— реклама —

Минхенската безбедносна конференција, со која претседава амбасадорот Волфганг Ишингер, е форум на глобално ниво, посветен на прашањата од безбедноста, промовирањето на мирното решавање на конфликтите, меѓународната соработка и дијалог во надминувањето на безбедносните предизвици на денешнината и иднината.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања