Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски ќе учествува на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Сараево

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, на 8 и 9 јули 2019 година ќе учествува на Самитот на шефови на држави и влади на земјите - учеснички во Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), што ќе се одржи во Сараево, Босна и Херцеговина.

— реклама —

Предвидено е претседателот Пендаровски да се обрати на пленарната сесија на самитот.

— реклама —

Во рамки на учеството на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, претседателот Пендаровски ќе оствари повеќе билатерални средби со учесниците на самитот.

Процесот за соработка во Југоисточна Европа (South East Europe Cooperation Process - SEECP) е прва автохтона регионална иницијатива воспоставена во 1996 година, со цел јакнење на политичката и безбедносната соработка, интензивирање на соработката на државите во областа на економијата, демократијата, судството, човековите права и борбата против нелегалните активности. Целта на оваа регионална иницијатива е преку јакнење на добрососедските односи и обезбедувањето на мирот во регионот, да овозможи побрзо приближување кон ЕУ и НАТО.

— реклама —

 

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања