Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски-Клуге: Граѓаните да се информираат од релевантни извори, да не се дозволи создавање епидемија на лажни вести

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-2-5

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Ханс Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација за Европа.

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната состојба со коронавирусот во нашата држава, како и за најновите информации за ситуацијата со овој вирус во светски рамки.

На средбата, директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге оцени дека нашата држава има добри капацитети и дека презема вистински чекори во подготвеноста за справувањето со коронавирусот. Тој посочи дека нема место за паника и дека е значајно граѓаните да се информираат од релевантни извори, за да не се дозволи создавање епидемија на лажни вести, со што се согласи претседателот Пендаровски.

— реклама —

На средбата се разговараше и за состојбата со аерозагадувањето во нашата држава, при што претседателот Пендаровски рече дека негова заложба е овој проблем да се стави високо на агендите, посочувајќи го примерот со седницата на Советот за безбедност на која во присуство и на невладини организации се разговараше за аерозагадувањето како безбедносен ризик во државата.

— реклама —

Ханс Клуге, регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа престојува во посета на нашата држава по повод одржувањето на вториот национален форум за здравје насловен „Здрави мајки, здрави новороденчиња: Северна Македонија одговара на предизвиците“, којшто е во организација на Министерството за здравство и поддржан од Светската здравствена организација.

— реклама —

фото и видео: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања