Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Пендаровски - Маас: Потврдена силната поддршка од Сојузна Република Германија за европската интеграција на земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-1-8

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, оствари средба со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Маас.

— реклама —

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, при што беше констатирано дека двете земји имаат изградено односи на пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување. Претседателот Пендаровски оцени дека Сојузна Република Германија е клучен политички партнер и најголем трговски партнер на Република Северна Македонија, држава која постојано дава поддршка за нашите аспирации за членство во Европската Унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски изрази задоволство за ратификацијата на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО во германскиот Бундестаг.

— реклама —

— реклама —

Претседателот Пендаровски и министерот Маас разменија мислења за последните случувања поврзани со европската интеграција на Република Северна Македонија. Претседателот Пендаровски посочи дека Република Северна Македонија во изминатиот период вложи многу напори во исполнување на европските критериуми и истакна дека ќе продолжи реализацијата на реформската агенда. Во таа насока, претседателот Пендаровски го реафирмираше очекувањето за одредување на датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања