Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски: Македонија е трусно подрачје, не смее да се девалвираат стандардите за асеизмичко градење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, зборувајќи за улогата на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија кој е формиран по катастрофалниот земјотрес во Скопје, порача дека не смее да се девалвираат стандардите кои тие ги поставиле. Посочи дека тоа е најважно за безбедна држава, која е означена за трусно подрачје.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

„ИЗИС прерасна во респектабилна институција. Вие овде знаете подобро од мене и нас, дека живееме во држава која е означена како трусно подрачје, каде идни земјотреси не се исклучени. По ниту една цена не смееме да дозволиме да се девалвира тоа што со децении го создавате. Воспоставивме високи стандарди за асеизмичко градење. Клучот за просперитетна и безбедна држава е вложување во научните институции“, кажа Пендаровски.

— реклама —

Зборуваше за формирањето на Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – Скопје во 1965 година. Се потсети и на моментите по непогодата.

— реклама —

„Одбележувањето на 60. години од катастрофалниот земјотрес во Скопје е можност да се присетиме на сите сограѓани кои ги изгубија животите. Затрупани останаа 1070 биографии, радости, дилеми за иднината. Непогодата ги одзеде животите на нашите најмили. Беа повредени над 3.000 граѓани, а стотина имаат траен инвалидитет. Природната стихија го промени лицето на нашиот град, засекогаш“, рече Пендаровски.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања