Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пендаровски-Мета: Регионална соработка за надминување на кризата од КОВИД-19

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

За време на разговорот двајцата претседатели разменија информации за актуелните состојби во двете држави, во контекст на справувањето со последиците од ширењето на КОВИД-19.

— реклама —

Претседателот Пендаровски информираше за мерките што надлежните институции во земјава ги преземаат во справувањето со епидемијата и проценките за натамошниот развој на ситуацијата. Претседателот истакна дека фокусот на државите, покрај на справувањето со последиците на здравствен план, треба да биде насочен и кон справувањето со последиците на економски и социјален план.

Имајќи ја предвид неодамнешната потврда на земјите-членки на Европската Унија за подготвеноста на Северна Македонија и Албанија за почеток на пристапните преговори за членство, а по откажувањето на Самитот на лидерите на Европската Унија и на земјите од Западен Балкан кој требаше да се одржи на 7 мај во Загреб поради состојбата со ширењето на КОВИД-19, претседателот Пендаровски изрази очекување дека Европската Унија ќе успее да изнајде модалитети за придвижување на процесот, во интерес на двете држави и на самата унија.

— реклама —

Соговорниците изразија подготвеност за размена на искуства, координација и поддршка онаму каде што е потребно, во духот на солидарноста и регионалната соработка за справвување со епидемијата, како и за надминување на здравствената и социо-економска криза предизвикана од КОВИД-19.

Претседателот Мета упати честитка до претседателот Пендаровски и до сите граѓани за влезот во НАТО.

фото: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања