Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Пендаровски му се извини на Јанушев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска преку соопштение му се извини на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи за време на изборната кампања рекол дека против него СЈО има покренато обвинение, а станува збор за истрага во која Јанушев е осомничен, а не обвинет.

-Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски јавно се извинува на лицето Игор Јанушев, за изјавата дадена на предизборното соочување на кандидатите за Претседател, одржана на 26.04.2019 година на Македонската Радиотелевизија. Се работи за ненамерна непрецизност во изјавата бидејќи не станува збор за обвинение од СЈО за набавка на кинеските автобуси. Јанушев е осомничено лице за злоупотреба на службена положба и овластување како што може да се види во последниот извештај на Специјалното јавно обвинителство кој беше доставен во март, 2019 година до Собранието на Република Северна Македонија“, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања