Промени тема
Контакт

Пендаровски на средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-1-2

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид оствари билатерална средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи на којашто се разговараше за развојот на билатералните односи, актуелните предизвици на регионален и мултилатерален план и безбедносната состојба во регионот и пошироко.

На средбата претседателите изразија задоволство од динамиката на односите и соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Косово разгледувајќи ги можностите за унапредување на билатералната соработка во сите области од заемен интерес.

— реклама —
— реклама —

Од своја страна, претседателот Пендаровски, во духот на градењето добрососедски односи, го реафирмираше ставот за поддршка на евроатлантските аспирации на Косово како и активното пристапување на Косово кон постојните регионални иницијативи и форуми.

— реклама —

Во таа смисла, соговорниците разменија мислења за состојбите во регионот, како и актуелностите во дијалогот на Косово со Србија, ангажманот на меѓународните претставници и притоа се согласија дека во светло на новите геополитички предизвици предизвикани од руската воена агресија врз Украина, мирното решавање на отворените прашања на Западниот Балкан треба да биде апсолутен императив за сите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања