Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Пендаровски на средба со принцот Едвард

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-2-960x682

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на Република  Македонија. Посакувајќи му добредојде во Република Македонија, претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на Неговото Височество, оценувајќи ја како потврда за силните врски меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупната британска поддршка за  Македонија и изрази очекување дека во иднина таа ќе се продлабочува и проширува.

— реклама —

Претседателот Пендаровски го запозна принцот Едвард со приоритетите во неговата работа во следните пет години, со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели на државата – членство во Европската унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски посочи на потребата од подобрување на перспективите за младите, преку стипендирање на студентите и истражувачите, поддршка за научниот и технолошкиот напредок на државата и преку поддршка на младински иницијативи, а со цел спречување на одливот на мозоци од земјата.

Здрава животна средина е право на секој граѓанин на Република Македонија, затоа претседателот ќе работи на подигнување на свеста и ќе ги поттикнува надлежните да обезбедат еколошки чиста средина.

— реклама —

На средбата Неговото Височество принцот Едвард изрази задоволство од можноста по втор пат да ја посети Република Македонија и на претседателот Пендаровски му честиташе за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во неговата работа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања