Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пендаровски: На вистинскиот пат сме, да ја искористиме шансата за силен напредок

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
DSC_9190

Заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски, вчера беше помеѓу граѓаните на Гевгелија, каде учестуваше на граѓанска трибина со младите.

— реклама —

Пред присутните, Пендаровски зборуваше за придобивките и перспективите кои се отвораат со членството во ЕУ и НАТО за младите, можноста за нови, поголеми инвестиции, отворањето нови работни места и подобри услови за сите.

- Се кандидирам за претседател за да водам напред. Мојот концепт нуди обединување, заедништво и напредок. Државата конечно тргна по вистинскиот пат, подготвен сум да водам заедно да продолжиме по патот на напредокот. Се обврзувам за доброто на граѓаните, за доборото на младите. Со интеграциите, создаваме можности за младите дома, отвораме перспективи, шанси за подобро образование, работа, пракса. Го гледаме тоа овие денови, инвестициите растат, повеќе пари завршуваат кај граѓаните, се отвораат нови и подобро платени работни места. Со полноправното членство тоа дополнително ќе се интензивира - пососчи Пендаровски.

— реклама —

Не смееме да ја изгубиме оваа шанса. Конечно излеговме од изолација, нема веќе враќање назад, ги отворивме европските перспективи и чекориме рамо до рамо со демократскиот свет, - порача Пендаровски од Гевгелија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања