Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пендаровски: Нашата прва година од членството во НАТО потврди дека не сме сами во справување со предизвиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Foto-2-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на централната свеченост по повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО Алијансата, што се одржа во касарната Илинден во Скопје.

„Веќе една година учествуваме во сите работни комитети и тела и носиме заедно стратешки одлуки. Како рамноправна членка имаме целосен пристап кон најрелевантните информации со кои располага Алијансата. Тој механизам за размена на информации ни помага да ја превенираме опасноста и подобро информирани да креираме политики и носиме одлуки за виталните безбедносни и надворешно-политички прашања. Во исто време, дел сме од координативните механизми на НАТО за справување и со хибридните закани и кампањите за дезинформирање на јавноста“, истакна во обраќањето претседателот Пендаровски.

— реклама —

Во однос на пандемијата, претседателот Пендаровски посочи дека НАТО беше и сеуште е ангажиран здравствената криза да не премине во безбедносна. „Преку солидарните механизми на НАТО уште на самиот почеток добивме неопходна медицинска опрема и материјали, но и споделено знаење и искуства“, додаде Претседателот.

— реклама —

Во рамки на свеченоста беше извршен приказ на способности од страна на единиците на Армијата на Република Северна Македонија и беа доделени признанија за досегашната соработка со странски Воени Аташеи во земјава.

Присутните на свеченоста со едноминутно молчење им оддадоа почит на загинатите и починатите припадници на Армијата и на жртвите од Ковид-19.

— реклама —

видео: кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања