Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пендаровски: Некоректно е да бидеш дел од Влада, а да не гласаш за нејзиниот избор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
pendarovski-nato

Политички преседан и некоректно е да учествуваш во Влада, а да не ја гласаш, порача претседателот Стево Пендаровски во интервјуто за телевизијата Алсат-М, во врска со опструкциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нивното неприфаќање на Талат Џафери за премиер на техничката Влада.

„Или се согласувате, или не се согласувате на техничка Влада. Можете да кажете не сакаме да даваме воопшто луѓе, но не може да го спориш предлогот кој според Законот за оваа Влада го дава парламентарното мнозинство. Ако тие предложат да биде Талат Џафери, твое е само да кажеш учествувам, или не. Не може да го спориш како поединец, или како личност“, изјави претседателот Пендаровски.

— реклама —

Тој изрази надеж дека ни власта ни опозицијата нема да ја комплицираат работата овие неколку дена до изборот на новата тн. пржинска Влада. За волја на вистината, додаде тој, првичните опструкции дојдоа од опозицијата, поради негласањето на Талат Џафери.

— реклама —

Претседателот посочи дека ако опозицијата не даде кандидати, или ако тие кандидати не бидат изгласани на парламентарната седница, нема да стане збор за техничка Влада, туку де-факто за политичка Влада.

— реклама —

Претседателот истакна дека треба мазно, без проблеми од ниедна страна да ја избереме Владата, затоашто таа мора да почне да функционира 100 дена пред изборите, односно до 28-ми јануари, со цел сите институции да функционираат ефикасно и во интерес на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања