ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Пендаровски нема да поддржи еднострано укинување на техничката влада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Претседателот Стево Пендаровски нема да поддржи еднострано укинување на техничката влада, без согласност на опозицијата. Според него, за да се промени моделот по кој се одржуваат парламентарните избори во последните два циклуса, мора да има општ политички консензус, во духот на европските практики, а тој не би се осмелил на унилатерално бришење на техничката влада.

— реклама —

Како што пишува „Слободен печат“, оваа тема се наметна по договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владина коалиција, кога лидерот на СДСМ Зоран Заев соопшти дека со лидерот на ДУИ Али Ахмети се договориле да се укине пржинската влада.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ веднаш се изјасни дека е против, затоа што нема доверба дека СДСМ е подготвена да организира фер избори и затоа што тоа не смее да се менува без консултација со опозицијата и со меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел.

— реклама —

-Во духот на европските практики, претседателот Пендаровски се залага за постоење консензус меѓу власта и опозицијата за измени на изборното законодавство, како и одредбите за т.н. техничка влада. Долгорочна препорака на ОБСЕ/ОДИХР е каква било измена на изборното законодавство да се врши најмалку шест месеци пред изборите и да биде донесена со консензус помеѓу власта и опозицијата, со цел сите учесници да имаат доверба во изборниот процес.Специјалната изборна оценувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР, која ги набљудуваше предвремените парламентарни избори на 15 јули, ја наведе оваа препорака во својот прелиминарен извештај. Истата препорака беше потврдена и на средбата што претседателот Пендаровски ја имаше со шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која – одговораат од Кабинетот на Пендаровски, за „Слободен печат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања