Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Пендаровски: Нема никаква официјална најава дека Бугарија сега ќе не’ блокира, кога чекаме да добиеме датум за преговори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo-pendarovski

Нема најави од бугарскиот државен врв дека ќе го блокираат доделувањето датум за отпочнување преговори со ЕУ, изјави претседателот Стево Пендаровски, одговорајќи на новинарско прашање на денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“.

— реклама —

– Нема никаква најава ниту од релевантен фактор од соседна Бугарија, дали е тоа претседател, дали е Владата, надлежните министри, дека Бугарија сега ќе не блокира во средината на овој месец кога чекаме да добиеме датум за преговори, кога ја очекуваме европската одлука на 15 или на 17 октомври. Како понатаму, не само Бугарија, туку можеби и Грција низ понатамошната имплементација на Преспанскиот договор, ќе се однесува  во текот на преговорите кои траат со години, во тој долг процес, ќе видиме. Допрва ќе прочитаме и чуеме тоа што го најавуваат како преговарачка рамка за ова прашање, но повторувам тоа е за понатамошниот период кога ќе почнеме да преговараме, се надеваме од почетокот на 2020 година, рече претседателот Пендаровски.

— реклама —

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања