Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пендаровски: Нема заострена реторика во разговорите со Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
pendarovski-2

Не смееме да се спуштиме на уличарско ниво, вели претседателот Стево Пендаровски негирајќи дека ја заострил реториката во комуникацијата со Бугарија по кочницата за почнување на преговорите со ЕУ.

„Јас не мислам дека ја заострувам реториката воопшто. Јас во тоа интервју само кажувам дека последните бугарски барања не се содржани во договорот за добрососедство. Може да ги земете сите мои интервјуа наназад, пет-шест месеци, дури и една година, не постои заострување на реториката или обид сега да се покажеме како поголеми патриоти. Мојот став е дека ние не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија, со Германија, во разговорите со кого било. Ние во овој момент имаме доверба од граѓаните да ја водиме оваа држава. И не само во овој спор, ние мора да прикажеме географски дека сме европска држава, во која има демократска власт, која владее на демократски начин и се изразува на европски начин. Не само во овој момент, ниту еден момент не е добар со лажен патриотизам да правите политички рејтинг“, рече Пендаровски.

— реклама —
— реклама —

Премиерот Зоран Заев вели дека ако седне на маса со Мицкоски, може да се извлечат само мотивации за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања