Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски: Независниот културен сектор се бори за промени на демократските принципи кои ќе бидат апликативни за сите, а не само за мали привилегирани групи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-3-1

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Охрид се обрати на затворањето на Летната школа за партиципативно управување и граѓанско - јавно партнерство: „Liquid Frameworks, Solid Institutions — building participation from the bottom up” во организација на Кооператива - регионална платформа за култура.

— реклама —

„Независниот културен сектор е општествената група која се бори освен за својот примарен интерес во сферата на современите културни политики и за промени на демократските принципи на заедницата кои ќе бидат апликативни за сите, а не само за мали привилегирани групи“, порача во обраќањето претседателот Пендаровски, оценувајќи дека нема ништо поважно од поврзувањата, со јасен заеднички предзнак, каков што е ова регионално поврзување на Балканот.

— реклама —

„Искрено посакувам оваа платформа темелно да ја зацврсти културната соработка на Балканот и пошироко, но и да отвори нови хоризонти и перспективи во општественото ситуирање на независниот културен сектор и неговата соработка со политичките структури со различен идеолошки предзнак, што сигурно ќе помогне во креирањето на нови, подобри политики од овие кои денес ги имаме“, рече претседателот во обраќањето.

— реклама —

Целта на летната школа на која партиципираа учесници од 11 земји од Југоисточна Европа и Западен Балкан е да ги изгради капацитетите на граѓанските организации за креирање на иновативни модели на граѓанско - јавно партнерство, партиципативно управување, активно граѓанство и еманципаторна институционална трансформација.

— реклама —

Претходно, претседателот Пендаровски оствари средба со претставници на Кооператива на која беше запознаен со нивните тековни активности и современи и иновативни регионални структури за културна соработка. На средбата претседателот ги поздрави нивните заложби за подобрување на работните услови во граѓанскиот сектор во современата уметност и култура, како и проектите за развивање и јакнење на културната соработка во Југоисточна Европа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања