Претседателот Стево Пендаровски очекува одлука за преговори, но поради временската рамка на Бундестагот смета дека датумот може да биде пролонгиран..
-Политичката согласност на сите клучни и на сите останати држави на ЕУ за почнување на преговорите во 2019 година е тука. До овој момент ниту една европска држава нема кажано дека Македонија не заслужува да добие датум за преговори. Ниту едена европска држава, ниту еден европски државник досега нема речено дека Македонија не испорачала тоа што и беше домашна задача од минатиот Софиски самит на ЕУ. Средбите на нјависоките политички авторитети на ЕУ се од 17 до 21 јуни.
Според него, станува збор само за техничко поместување на термините затоа што ниту една европска држава не вели дека Македонија не заслужува датум, не ги исполнила условите и дека треба да се одложува почетокот на преговорите со ЕУ, за 2020 или 2021 година. Јуни е речиси невозможна мисија и за Центарот за европски стратегии, „Евротинк„.Тие типуваат на октомври, но предупредуваат дека, ако и тогаш не добиеме датум, тоа ќе биде казна за проевропските граѓани и награда за анти-европските сили во Македонија. Велат дека, европските лидери треба да ја разберат пошироката слика на проблемот и повеќе да не го одложуваат почетокот на преговорите за нашата држава, смета претседателот.