🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3901

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски денеска гласаше во вториот круг од претседателските избори 2024 година.

— реклама —

Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека очекува изборниот процес и за претседател и за пратеници да завршат во мирна атмосфера.

„Според податоците, овој втор изборен круг за претседател и изборите за парламент поминуваат во мирна атмосфера барем во првите неколку саати од изборниот ден. Се надевам дека така и ќе завршат, како што и личи на држава која е веќе три и пол децении во демократија.

— реклама —

Има информации дека на некои места, во некои општини, во некои изборни единици постојат обиди за организиран бојкот, значи за неприфаќање на второто ливче за претседател. Ако тие информации се точни, јас би сакал да ги осудам однапред, затоа што мислам дека не приличи на една демократија ако се ограничува правото на избор на луѓето кои дошле на гласачко место. Тој што дошол на гласачко место треба спрема сопствена волја да реши дали да гласа на двата избора или на едниот избор, меѓутоа велам тоа се засега информации кои не се потврдени, ако се потврдат тоа не зборува добро за состојбата на македонската демократија.

Јас се надевам дека до крајот на денот ќе остане мирно, процесот ќе биде транспарентен и сите учесници во изборниот процес и по завршување на гласањето во 19:00 часот ќе го дочекаат пребројувањето на резултатите и ќе им честитаат на изборните победници.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања