Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пендаровски од Охрид: Како претседател ќе водам напред, македонските граѓани ќе бидат лидери на балканското пријателство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
1-9

Посебно задоволство ми е што сум денеска меѓу охриѓани и што се наоѓам во Охрид кој бил отсекогаш и денеска е духовен, цивилизациски и историски центар на Балканот. Во последниве две години новата влада на Република Северна Македонија започна со сосема поинаква политика, и започна да ја вади земјата од изолацијата во која беше претходно 11 години. Значи, со тој тип на политика постепено Македонија си го зазема своето место на природна раскрсница на Балканот, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

— реклама —

Наместо да продуцираме лоши вести, ние почнавме да продуцираме добри вести и да се поврзуваме со сите соседи и со Европа и светот.

— реклама —

По носењето на тешки одлуки во изминативе две години ние практично ги затворивме сите отворени прашања што ги имавме со нашите соседи и сега доаѓа период кога граѓаните на  Северна Македонија ќе почувствуваат благодет од тие одлуки кои беа донесени. Започнува интензивно инфраструктурно поврзување со сите соседи, започнува интензивирање на економските и трговските односи со сите нив.

Сакам да кажам дека јас и досега бев дел од оваа владејачка структура која ги поддржуваше тие политики таа стратешка ориентација на Македонија, а како претседател имам намера да ги предводам тие процеси.

Помина времето кога Северна Македонија беше земја во која никој не доаѓаше, а нас никаде не не канеа. Денеска сме пример за поширокиот регион и тоа е единствениот начин, земја на крстопат како што е нашата да просперира и конечно да стане дел од семејството на модерни нации и држави, истакна Стево Пендаровски, заеднички кандидат за претседател.

На трбинина со охриѓани Пендаровски го посочи успехот на државава кој се постигна за релативно краток период. Преку градење на одлични добрососедски односи, преку решавање на долгогодишните спорови Северна Македонија стана држава пријател со соседите и демократскиот свет.

-Благодарение на тоа градење пријателства следуваат бројни економски придобивки за граѓаните. Конечно после 32 години имаме железничко поврзување со Грција и интезивно градење на пругата кон Бугарија. Наскоро започнува изградба на автопат кој ќе не поврзе со Албанија а веќе се гради автотпатот кон Косово. - истакна Пендаровски.

Република Северна Македонија станува политички и стратешки лидер на Балканот.-рече Пендаровски на средбата со пензионерите од Охрид.

-Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани. Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме. Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан. Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани, додаде Пендаровски Заедничкиот кандидат, за претседател, Пендаровски посетата на балканскиот бисер, Охрид ја заокружи со средба со младите.

Средбите на Пендаровски денеска попладне продолжуваат со граѓаните на Кичево.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања