Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски од Ресен : Заедно напред за нови шаниси за младите, за демократски и европски дом

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
1-5

Стево Пендаровски, заедничкиот кандидат за претседател, на трибина во Ресен, вечерва порача дека интеграциите во ЕУ и НАТО создаваат нови шанси за младите, за демократски и европски дом во сопствената татковина.

— реклама —

„Со Преспанскиот договор го сочувавме идентитетот кој сега е и меѓународно гарантиран. Затоа добивме покана за НАТО. Во 2018 година, за само 6 месеци влегоа рекордни 625 милиони евра што е двојно поголемо од најдобрата инвестициска година.

— реклама —

Ако минатата година беше година  на интеграции, оваа е година на економски развој, поголеми плати и повеќе пари кај граѓаните. Гаранцијата за млади дава резултат, веќе се вработени 1.800 млади во само три општини. Затоа е важно заедно да продолжиме, да создадеме нови шанси за младите, демократски и европски дом“, рече Пендаровски.

— реклама —

На овие избори, рече, ќе се судрат два главни концепти, едниот, кој  вели дека ќе поништат се што постигнавме.

— реклама —

„Тоа значи блокада према НАТО и ЕУ. Тоа ќе значи нови тензии на Балканот.Ако некој на 21 април го заокружи бројот два на Гордана Сиљановска, тоа значи глас за трет мандат за Ѓорге Иванов, човекот кој 8 години молчеше за сите зулуми на претходната власт на Груевски,  а последните две години кочи се што правеше оваа Влада“, додаде Пендаровски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања