„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пендаровски: Особено ја цениме јасната и недвосмислена поддршка од Црна Гора во остварувањето на нашите врвни стратешки цели

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4

— реклама —

На денешната зедничка прес-конференција со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во вила „Водно“ претседателот Стево Пендаровски меѓу другото истакна:

— реклама —

„ На денешните средби констатиравме дека односите меѓу Северна Македонија и Црна Гора продолжуваат да се развиваат во духот на пријателството и соработката, без отворени спорни прашања. Со мојот пријател Мило се согласивме дека двете земји негуваат одлични политички односи и споделуваат исти надворешно-политички приоритети и цели.  Разговараме и за регионалната соработка, којашто колку што содржи предизвици, нуди и шанса и надеж за натамошно подобрување на односите меѓу нашите две држави. Како две земји кои се активно вклучени во регионалните односи, во насока на подобрување на стабилноста, пријателството и меѓусебното разбирање, ги разгледавме и другите прашања од регионот во контекст на евро-атлантските интеграции.  Нашите две држави ги поврзува заедничкото минато, но уште повеќе заедничката иднина – водењето на нашите држави на патот кон мирот и просперитетот кон обединета Европа“, истакна Пендаровски.

Претседателот додаде:

  „Можам слободно за заклучам дека Северна Македонија и Црна Гора се цврсто определени за целосно европско и евроатлантско интегрирање, за исполнување на агендата на Берлинскиот процес и на другите формати на регионална соработка. Интеграциите, стабилноста, добрите односи меѓу двете држави на различни нивоа, ги гледаме како неопходни услови и за економскиот развој на нашите држави и за подобрувањето на животниот стандард на нашите граѓани. Во интерес на граѓаните треба да вложиме напори за унапредување на меѓусебната економска соработка, каде што постои многу поголем потенцијал за далеку подобар резултат од досегашниот“, рече претседателот Пендаровски.

 

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања