Промени тема
Контакт

Пендаровски оствари билатерална средба со Розмари ДиКарло, потсекретарка за политички и мировни прашања на ООН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto

Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на Преспа форум за дијалог, денеска во Охрид имаше билатерална средба со потсекретарката за политички и мировни прашања на Обединетите нации, Розмари ДиКарло, на која беше потврдена силната посветеност и придонес на Северна Македонија кон мултилатеризмот.

Претседателот Пендаровски изрази поддршка за визијата за глобална соработка и ефективен мултилатерализам преточена во извештајот на Генералниот секретар Гутереш „Нашата заедничка агенда“, согласувајќи се со соговорничката дека неопходна е сплотеност и тесна соработка меѓу државите за постигнување на целта во насока на обезбедување напредок во мир, достоинство, еднаквост. Истото е особено релевантно во актуелниот контекст на воена агресија од страна на Руската Федерација врз Украина. Тој ја потенцираше подготвеноста на земјата за поддршка на реформските процеси иницирани токму од Генералниот секретар на ОН во контекст на спречување конфликти, одржлив развој и реформи во управувањето.

— реклама —

Од страна на Претседателот беше изразена благодарност за фокусот што ООН го посветуваат на земјите од Западен Балкан и го поздрави актуелниот регионален проект за млади со поддршка на ООН, а со цел зајакнување на социјалната кохезија и регонална соработка во контекст на ЕУ интеграциите во земјите од Западен Балкан. Претседателот истакна дека континуираниот ангажман на ОН во Северна Македонија придонесува за зајакнување на капацитетот на земјата во клучните сектори и за реализација на реформската агенда во контекст на ЕУ интегративниот процес.

— реклама —

Потсекретарката за политички прашања на ОН, Розмари ДиКарло се заблагодари за можноста да биде учесник на Преспа форумот за дијалог, под покровителство на Претседателот Пендаровски. Таа го истакна привремениот прифат на авганистански граѓани во земјава при повлекување на меѓународните претставници од Авганистан, оценувајќи го како особено хуман гест кој многу високо се цени во ООН.

— реклама —

Го реафирмираше позитивниот однос на ООН кон земјава, со оглед на демонстрираната конструктивност и политичка волја за решавање на прашањата преку дијалог и преговори, како и нашите активности во рамките на Организацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања