Претседателот Стево Пендаровски во вторник на 12 ноември ќе оствари средба во Париз со неговиот француски колега, Емануел Макрон. Пендаровски ќе престојува во Франција од 11 до 13 ноември, а во вторник ќе се обрати на Парискиот мировен форум.
На настнот ќе учествуваат повеќе од 30 шефови на држави и Влади,а тет-а-тет средбата ќе се одржи на маргините. Неофицијално, средбата била договорена со шефот на француското разузнавање, кој неодамна бил на средба со претседателот во вила Водно.
Пендаровски вчера рече дека веќе подолг период се прават напори за да се добие средба со претставници од највисоко ниво во Франција. Од кабинетот пак на македонскиот претседател го потврдуваат неговото присуство во Париз, но велат дека во моментов нема потврда дека таква средба ќе се случи.
Доколку дојде до средбата, таа ќе биде прва воопшто на македонски фунционери со Макрон, по француското НЕ на Самитите во јуни и во октомври.