Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски по повод 50-годишниот јубилеј на фестивалот „Тетовски хорски одзиви“: Овој фестивал го промовира и македонскиот мултикултурен мозаик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски во пресрет на фестивалот „Тетовски хорски одзиви“ на којшто е покровител, оствари средба со неговите организатори на коишто им го честиташе 50-годишниот јубилеј. По повод јубилејот на овој фестивал претседателот Пендаровски ја упати следната порака.

Почитувани вљубеници во хорската музика,

— реклама —

Фестивалите со долга традиција и континуитет се референтна точка што ѝ овозможува на секоја идна генерација критички да ја преиспитува наследената култура и на тој начин да ги разликува трајните вредности од минливите.

— реклама —

Денес прославуваме педесет години од фестивалот „Тетовски хорски одзиви”. Воспоставен во далечната 1973 година со цел да ја возобнови долгата традиција на хорско пеење кај нас, фестивалот прерасна во значајна манифестација не само за градот Тетово, туку и за македонската култура воопшто. Во изминатите пет децении, на „ТЕХО“ настапиле 400 хорски ансамбли со над 18 000 хористи кои испеале над 2 400 композиции, од кои многу ја доживеале својата праизведба токму на овој фестивал.

Низ годините, фестивалот стана автентична платформа за меѓународна промоција на македонските композитори, диригенти и хорови од кои многумина ја започнале својата кариера токму на „ТЕХО“.

— реклама —

Овој фестивал го промовира и македонскиот мултикултурен мозаик. Со помош на универзалниот јазик на музиката, „ТЕХО“ ги поврзува луѓето од различна етничка, јазична и верска припадност. Долгогодишната истрајност на организаторите во негувањето на световната и духовната хорска музика од различни културни традиции е навистина подвиг достоен за почит.

— реклама —

Фестивалот „ТЕХО“ не само што го издржа тестот на времето, туку и ја оправда целта на своето постоење и затоа ја заслужува нашата безрезервна поддршка.

Како покровител на овој голем јубилеј им благодарам на фестивалските организатори, предводени од проф. д-р Иван Зориќ, за нивната долгогодишна посветеност. Воедно, посакувам фестивалот да ве мотивира да продолжите да создавате култура што ќе ги отсликува богатите слоеви на нашето македонско општество. Нека со секоја наредна деценија се пренесува и збогатува хорскиот одзив на генерациите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања