Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Пендаровски потпиша укази на четири системски закони кои не беа потпишани од Иванов

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
stevo-770x437

Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска ги потпиша указите за прогласување на Закон за судовите, на Закон за управни спорови, на Закон за прекршоци и на Закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа. Станува збор за закони, чиишто укази за прогласување не беа потпишани од претседателот Иванов.

— реклама —

Претседателот Пендаровски го потпиша и указот за прогласување на Закон за енергетика. Пендаровски смета дека донесувањето на овие закони и нивната идна имплементација е од витален интерес за граѓаните на Република Македонија.

Со донесувањето на законот за судови се исполнува едно од клучните барања на Европската унија, а со цел одредување на датум за почеток на пристапните преговори на Република Македонија.

— реклама —

Со одредбите на Законот за судовите ќе има јасни и прецизни постапки за именување и унапредување на судии, како и за разрешување на судии и нивна  дисциплинска одговорност.

Со новиот Закон за управните спорови граѓаните добиваат ефикасна правна заштита на своите права во управните спорови. Се зголемува транспарентноста и јавноста на постапките преку задолжителна јавна расправа.

Со новиот Закон за прекршоци, граѓаните ќе плаќаат пониски казни. Овој закон директно влијае на буџетот на граѓаните бидејќи истиот предвидува опомена пред казна, но и значително намалување на казните.

Со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, ќе се унапреди функционирањето на државата во делот на работите поврзани со политичкиот систем, спроведување на Охридскиот рамковен договор и принципите кои произлегуваат од овој Договор и ќе се овозможи унапредување и заштита на правата на припадниците на заедниците во Република Северна Македонија.

Новиот Закон за енергетика предвидува замена на фосилни горива со енергија добиена од обновливи извори. Со тоа се создава основа за решавање на едно од најгорливите прашања во нашето општество, заштита на животна средина и здравјето на луѓето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања