Промени тема
Контакт

Пендаровски прифаќа замена на формулацијата 20 отсто за јазикот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Foto-3

Претседателот Стево Пендаровски прифаќа замена на формулацијата 20 отсто за јазикот.

Тој прифаќа да се замени формулацијата „20 проценти“ со терминот „албански јазик“ во Уставот. Претседателот денеска од Тетово истакна дека тој прв би ја поддржал таквата идеја.

— реклама —
— реклама —

„Прв би поддржал, бидејќи мислам дека тоа е природна, нормална работа. Зошто нечиј етнички идентитет, кој е јасен и неспорен за секого, би го криеле зад бројки?“, рече Пендаровски.

— реклама —

Шефот на државата изјави дека е подготвен да биде домаќин на лидерска средба за уставните измени, но, како што кажа, тој не може да натера никого на сила да разговара. Претседателот појасни дека од една страна, опозицијата би сакала на маса да се најде предлогот за промена на Уставот по хрватски модел, а другата страна настојува да се разговара само за внесот на Бугарите и затоа таквата лидерска средба засега е невозможна. Разговорите за уставните измени се очекува единствено да започнат да се водат во работната група што ја иницираше Министерството за правда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 11 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 11 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 11 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања