Промени тема
Контакт

Пендаровски прифати да се преговара за историските личности, смета Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
pendarovski-nato-bujar-osmani

„Претседателот Стево Пендаровски во неговите контрадикторни изјави, повторно се демантираше себеси. Во интервју дадено пред два дена, самиот Пендаровски призна дека Бугарија ќе има право на вето, доколку Комисијата не се договори за историските личности“, вели Левица.

Од партијата додаваат:

— реклама —

Со ова, Претседателот Пендаровски призна дека го прифатил предлогот кој првично наводно го одбил - а тоа е дека нема влез во ЕУ без договор со Бугарија за историските прашања.

Очигледно е дека Пендаровски целосно е ставен во служба на врховистичките барања, за што говори и неговото ретерирање од барањето на писмени гаранции од Бугарија и ЕУ за понатамошниот тек на преговорите. Иако, првично токму тој бараше писмени гаранции за барањето за промена на Уставот да биде последно од страна на Бугарија, тој подоцна ретерираше и изјави дека такви писмени гаранции би биле преседан и не можеме да ги очекуваме.

— реклама —

Го потсетуваме претседателот Пендаровски дека преседан претставува тоа што се преговара за историски прашања за влез во ЕУ, наместо фокусот да е ставен на Копенхашките критериуми. Дури и поранешниот евроамбасадор Фуере призна дека Преговарачката рамка е преседан во историјата на преговорите за пристапување кон Европската Унија, каде нема никакви гаранции дека Бугарија нема да го злоупотребува ветото за да наметне своја верзија на историјата.

— реклама —

Францускиот предлог ги сублимира вековните големобугарски идеи, и поради тоа Османи повеќе од една недела го крие Протоколот кој треба да го потпише со министерката Генчовска.

Му порачуваме на Претседателот Пендаровски, дека, иако Македонија е географски мала држава, таа дала големи жртви во здружената борба против фашизмот на европскиот континент. Нашиот проблем е содржан во малите политичари кои немаат државотворен капацитет да ги одбранат националните позиции од внатрешните и надворешните закани.

— реклама —

Истотака, препорачуваме Претседателот Пендаровски да ја види големината на илјадниците Македонци кои секој ден протестираат против неговите предавнички политики. Големината на оние кои веруваат дека Македонија има капацитет и храброст повторно да застане на правилната страна на историјата.

Во оваа историска приказна, политичарите од СДС и ДУИ одбираат да бидат запишани како своевидни предавници на сопствената држава, на корист на фашизоидните апетити на соседни земји, кои одбиваат да се откажат од идеите за големодржавни конструкции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања