Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на денот на Здружената оперативна команда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Foto-3-1-1

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски, денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово, присуствуваше на воена свеченост со којашто се одбележа 17 октомври, денот на Здружената оперативна команда.

— реклама —

 Претседателот Пендаровски го проследи чинот на поздравување на знамето и интонирање на химните на државата и на Армијата на Република Северна Македонија. Заедно со припадниците на Армијата и со останатите гости, претседателот Пендаровски, со едноминутно молчење, им оддаде почит на загинатите и починатите борци за нашата држава, како и на загинатите припадници на Армијата.

— реклама —

 Во чест на Денот на здружената оперативна команда, на свеченоста беа наградени и пофалени припадниците на Армијата коишто во изминатата година покажале исклучителна посветеност, а на кои претседателот Пендаровски им упати искрени честитки за нивниот ангажман.

— реклама —

 Целта на единицата е да ги подготви силите на Армијата за одбрана и заштита на територијалниот интегритет и на пошироките интереси на државата, како и да учествува во операции за поддршка на мирот, превенција и справување со конфликти и кризи во операции предводени од меѓународни организации. Здружената оперативна команда се состои од механизирана пешадиска и воздухопловна бригада, бригада за логистичка поддршка, баталјони за врски и на воена полиција, како и команда на резервни сили.

— реклама —

 Во касарната „Боро Менков“ претседателот Пендаровски се сретна со неколку генерали во Армијата. Во пресрет на полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, во фокус на разговорите на средбата беа состојбите и подготвеноста на нашата Армија. Во таа насока, соговорниците се согласија дека нашата Армија е рамноправна со војските на останатите земји членки на Алијансата и дека членството на Северна Македонија во НАТО забрзано ќе придонесува кон уште поголемо јакнење на капацитетите на Армијата.

Фото: кабинет на Претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања