Државната изборна комисија денеска ја спроведе ждрепката за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Република Северна Македонија.
Прв на ливчето ќе биде Стево Пендаровски, а седми Максим Димитриевски, Гордана Силјановска ќе биде под реден број два.
Вака ќе изгледа ливчето за гласање на
седмите претседателски избори:
1-Стево Пендаровски
2-Гордана Силјановска Давкова
3-Стевчо Јакимовски
4-Бујар Османи
5-Билјана Ванковска
6- Арбен Таравари
7-Максим Димитриевски