Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Пендаровски: Првиот изборен круг е само загревање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_3477

Во вечерашното издание на „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, претседателскиот кандидат Стево Пендаровски зборувајќи за очекувањата од првиот круг на изборите истакна дека не се согласува со одредени анкети според кои Гордана Силјановска-Давкова е фаворит и дека би победила во првиот круг.

— реклама —

„Јас мислам дека во првиот круг во однос на разликата, се разбира од почит кон другите кандидати не кажувам кои се двајцата фаворити, меѓутоа јас мислам дека со седуммина во трка и го знаете идеолошкиот, политичкиот профил на секој од нив, никој не е сосема нов – разликата меѓу првите двајца ќе биде многу мала. Значи нема да биде 100 илјади или над 100 илјади, што е добро за неизвесноста во вториот круг. И ако биде мојата позиција, евентуално број 2, на крајот, а не број 1 во првиот круг, знаете дека првиот изборен круг за претседател е само загревање за вториот круг кога конечно се решава“, потенцираше Пендаровски.

Во оваа насока тој додаде дека кога граѓаните одбираат меѓу седум кандидати за претседател невозможно е разликата меѓу двајцата што ќе влезат во вториот круг да биде со троцифрен број, како што сака да верува ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Има една индикативна работа. ВМРО-ДПМНЕ и во однос на парламентарните избори постојано се расфрла со бројки на пратеници - блиску сме до 61, дајте ни уште малку поддршка, наближуваме 61, па лицитира 55, 57 итн. А за претседателските избори лицитира со 100 илјади гласа разлика, најмалку 100 илјади. Па повикува, прашува дали ќе се откажам, ако биде таква разликата. Меѓутоа индикативно е дека никогаш не кажува како ќе биде разликата на крајот и кој ќе биде победник на крајот“, подвлече Пендаровски.

Иако, како што додаде, излезноста на граѓаните во вториот круг ќе биде поголема поради совпаѓањето со парламентарните избори, Пендаровски истакна дека првиот круг на гласање, в среда на 24 април, ќе го најави победникот на 8 мај.

„Јас мислам дека првиот круг е битен, многу побитен овој пат од другите претходни други први кругови затоа што ќе се оцрта расположението на граѓаните и лесно ќе се предвиди исходот во вториот круг“, рече тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

FotoJet-41

Крај на парламентарните избори, Европски фронт останува со 18 а Влен со 14 пратеници

Македонија | пред 1 година

glasanje-makedonija

Нема прегласување во местото кое ја намали разликата меѓу „Европски фронт“ и „Влен“

Македонија | пред 1 година

mickoski-sobranie

Новите пратеници ќе седнат во удобните фотелји, конститутивна седница во вторник, 28 мај

Македонија | пред 1 година

gasd

СДСМ сама „крвта“ си ја пролеа: Маричиќ или Лога, кој ќе раководи со ДИК,

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања