Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Пендаровски се „предаде“, сака од Водно да си оди дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

Претседателот Стево Пендаровски сеуште не размислува за втор мандат.

Toj на денешниот отворен форум за антикорупција на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата одговорајќи на новинарско прашање дали повторно ќе се кандидира за претседател, одговори негативно без да даде повеќе детали.

— реклама —

Пендаровски е петти претседател на Македонија од 12 мај 2019 година.

— реклама —

Поголемиот дел од професионалната кариера го поминал во Министерството за внатрешни работи како безбедносен аналитичар. Во 2000-тите бил советник за национална безбедност и за надворешна политика на двајца македонски претседатели, Борис Трајковси и Бранко Црвенковски. Пендаровски е универзитетски професор и предава на Универзитетот Американ колеџ во Скопје.

— реклама —

Првпат бил кандидат за претседател на државата во 2014 година, кога бил кандидат на коалицијата предводена од СДСМ, но не успеал да го победи тогашниот претседател Ѓорге Иванов. Во 2019 година вторпат бил кандидат на претседателски избори, овојпат како консензуален кандидат на СДСМ, ДУИ и десетици други политички партии. Пендаровски успеал да го победи кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, универзитетската професорка Гордана Силјановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања