Промени тема
За нас
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Пендаровски се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Дендиас

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4-4

— реклама —

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Никос Дендиас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

— реклама —

 На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Грција, за европските и евроатлантските перспективи на Северна Македонија, како и за состојбите во регионот.

 Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија е силно посветена на развој на партнерството со Грција, базирано на пријателство и заедничкиот интерес на граѓаните на двете држави за просперитетен регион. Во тој контекст, претседателот Пендаровски истакна дека Преспанскиот договор е чекор што ја демонстрира посветеноста за развој на добрососедски односи и соработка.

 Претседателот Пендаровски се заблагодари за силната поддршка од Грција за почеток на претпристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија за време, и по последниот Европски Совет. Претседателот Пендаровски истакна дека, во очекување на новата методологија за водење на пристапните преговори, Северна Македонија е фокусирана кон интензивирање на реформскиот процес, со цел што поскоро отворање на пристапните преговори за членство со ЕУ.

фото: Кабинет на претседател

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања