Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Пендаровски се сретна со млади иноватори од средното училиште „Јосип Броз–Тито“ – Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Foto-4-3

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во МладиХаб – Канцеларија на Претседателот, оствари средба со ученици-иноватори од средното училиште „Јосип Броз–Тито“ од Скопје, кои креираа филтер за оџак за домаќинства, што не дозволува штетните ПМ10 честички да завршат во воздухот.

— реклама —

Станува збор за помала верзија на филтрите што се вградуваат во фабриките, што би имала примена во домаќинствата кои користат цврсти горива и ослободуваат чад. Проценката на младите иноватори е дека со неговата примена ќе се спречи ослободувањето на штетни честички во воздухот и значително би се подобрил неговиот квалитет.

— реклама —

Претставувајќи ја својата иновација, учениците го информираа претседателот Пендаровски дека во соработка со приватна компанија работат на подобрување на нивниот прототип и се разгледуваат можностите за негово производство и поширока примена.

— реклама —

Претседателот Пендаровски, честитајќи им на учениците за досегашната работа, ја истакна потребата за поддршка на младите иноватори воопшто, како еден од носечките елементи во економскиот развој на државата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања