Промени тема
Контакт

Пендаровски смета дека пописот е успех

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Foto-2

Самиот факт што имаме попис после цели 20 години е успех сам по себе. Направивме попис со сите нишани, кој не отстапува од традицијата на направени пописи што ја имавме и ние и регионот и континентална Европа, во изминатите неколку децении.

Не станува збор за попис најдобар во историјата на Европа, туку станува збор за попис кој ги запазува највисоките стандарди за попишување што ги има ЕУ, изјави денеска во Прилеп претседателот на државата Стево Пендаровски.

— реклама —

Оваа оценка, Пендаровски ја базира не само од она што го слушнал на вчерашната презентација на резултатите, туку и од коментарите дадени од експертот ангажиран од страна на ЕУ.

— реклама —

По барање на новинарите за коментар околу „оние седум проценти, кои предизвикаа најмногу контроверзи“, Пендаровски посочи дека секогаш има контроверзи, особено кај нас на балканскиот регион, каде сме измешани и во религиозна и од политичка смисла. Тој наведе дека она што го знае од разговорите со неколку експерти, не постои попис воопшто во Европа и пошироко, кој нема одредена бројка на лица кои не се опфатени со пописот.

— реклама —

Пендаровски се осврна и на тоа дека постоеја и попишувачи кои беа со специфична опрема, со сите протоколи, а дел од нив работеа и подоцна во тој временски период и надвор и не влегуваа во куќите и становите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања